Туберкулозата не е само Ваша битка, постоиме за Вас

Туберкулозата е хронично воспаление предизвикано од бактеријата Mycobacterium tuberculosis. Во минатото била многу позастапена, а за тоа придонесувале лошите социоекономски услови на популацијата како и недостапноста на вакцините и лековите. Се смета дека дури ¼ од здравата адултна популација на Европа заболува и умира од туберкулоза во минатото кога епидемијата од туберкулоза го доживува својот пик. Денеска постои проценка дека 8,5 милиони луѓе боледуваат од туберкулоза, но најголем дел тоа е популација од неразвиените земји и земјите во развој. Но уште поголем проблем претставува јавувањето на резистентност на туберкулостатиците поради нивната недостапност и несоодветна примена. Македонија исто така се соочува со Туберкулозата и тоа се проценува дека туберкулозата во македонија се јавува со инциденција од 32 заболени на 100,000 жители при што таа е многу повисока од европските земји каде што туберкулозата има инциденција од 10 заболени на 100,000 жители. Токму поради тоа сме единствени на пазарот во границите на Р. Македонија кои увезуваат туберкулостатици односно лекови против туберкулозата. Веќе долги години ЕЛБИЈОР е единствениот добавувач на туберкулостатици на пазарот во нашава земја овозможувајќи им на заболените достапност на лековите кои треба да ги земаат. Чувствуваме не само потреба туку и социјална одговорност да ја продолжиме соработката со Macleods Ltd. од каде ги увезуваме туберкулостатиците бидејќи на тој начин учествуваме во битката против туберкулозата. Сметаме дека во име на хуманоста треба да се трудиме и понатаму туберкулостатиците да бидат достапни за секое заболено лице.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *