Што се вакцини?

Вакцините се биолошки продукти кои се подготвени од живи микроорганизми. Тие може да содржат делови микроорганизми, протеини или некои други производи од микроорганизмот. Процесот на создавање на вакцините е долг, макотрпен, скап и комплексен процес кој може да трае и до 22 месеци.

Што е имунизација?

Имунизацијата претставува процес на внесување на цел микроорганизам (бактерија или вирус) или само дел од микроорганизмот или пак некој негов продукт. Притоа тие може да бидат и атенуриани што значи да ја изгубат сподобноста да предизвикаат болест , но сепак имаат зачувана имуногеност (способност да предизвикаат имунолошки одговор). Во текот на имунизацијата доаѓа до формирање на антитела и памтечки Т лимфоцити против причинителот на болеста.

Зошто да се вакцинирате себе и вашето дете?

Историски гледано светот познава бројни епидемии на различни заболувања кои однеле со себе огромен број на жртви, најголем дел од нив деца. Ширењето на инфективните болести во минатото доведувало до епидемии со невидени размери токму како резултат на немањето на колективен имунитет кон причинителите на епидемиите. Една од најмаркантните епидемии кои со себе однеле близу 60,000 деца е епидемијата на полиомиелитис во САД во 1952 година. За полиомиелитисот нема лек, но затоа во доцните 1950ти години е откриена вакцина која откако започнала да се применува успешно се користи до денеска и превенира повторно јавување на фатални епидемии. Во 1973 година САД се соочува со епидемија од жолта треска која деенска сеуште во извесни региони постои, но сепак денеска може успешно да се превенира поради достапната вакцина против вирусот на жолта треска. Маркантен податок е фактот дека епидемијата на туберкулоза во 19тиот век го доживува својот максимум така што се смета дека бројката на жртви од таа епидемија изнесува приближно една четвртина од адултната популација на Европа. Денеска туберкулозата сеуште постои, но сепак откако вакцинацијата е започната се бележи драстичен пад во бројот на новозаболени како и смртни случаи од туберкулоза. Уште една епидемија со невидени размери и се случува на светот во 1918 година кога Европа и САД се соочуваат со епидемија на грип, познат како шпански грип кога вирусот на инфлуенца убива 35,000.000 жители за екстремно краток период . Денеска живееме во модерно време кое ни нуди можност да се заштитме од многу заболувања кои се предизвикани од микроорганизми, а можат да доживеат епидемиски карактер доколку популацијата не биде соодветно имунизирана.

Календар на имунизација во Р. Македонија

Со закон предвидената задолжителна имунизација во Р. Македонија опфаќа неколку вакцинации и ревакцинации како би се обезбедила комплетна заштита на дететo со вакцинација од превентабилните заболувања. Правилната и целосна вакцинација на детската популација има за цел да спречи јавување на епидемии и да го зголеми колективниот имунитет со вакциација кон превентабилните заболувања. Во Р.Македонија со закон е предвидена вакцинација против хепатитис Б, туберкулоза, дифтерија, тетанус, пертусис, морбили, рубеола, паротитис, полиомиелитис, инфекции од H. influenza type B, инфекции со HPV. Тука можете да го погледнете календарот на редовни вакцинации во РМ.

Возраст на детето Болест од која што заштитува вакцината Доза
до 24 ч од раѓање, 1 и 6 месеци Хепатитис Б 3 дози – вакцинација
до 12 месеци Туберкулоза (без тестирање) (1 доза) – вакцинирање
2, 3 и 5 месеци Инфекции со хемофилус инфлуенца тип Б (Hib)

дифтерија, тетанус, голема кашлица

(3 дози) – вакцинирање

(3 дози) – вакцинирање

2, 3 ипол и 5 месеци Детска парализа (3 дози тритипна орална вакцина) – вакцинирање
12 месеци мали сипаници, рубеола, заразни заушки (1 доза) – вакцинирање
18 месеци инфекции со хемофилус инфлуенца тип Б (Hib)

дифтерија, тетанус, голема кашлица

детска парализа

(1 доза) – I ревакцинирање

(1 доза) – I ревакцинирање

(1 доза) – I ревакцинирање

4 години дифтерија, тетанус, голема кашлица (1 доза) – II ревакцинирање
6 години (I одделение) мали сипаници, рубеола, заразни заушки (1 доза) – I ревакцинирање
7 години (II одделение) туберкулоза (со тестирање)

детска парализа

дифтерија, тетанус

(1 доза) – I ревакцинирање

(1 доза) – II ревакцинирање

(1 доза) – III ревакцинирање

12 години, 2 и 6 месеци после првата доза (VI одделение) инфекции со хуман папилома вирус (HPV) (само девојчиња) (3 дози) – вакцинирање
14 години (завршна година на основното училиште) рубеола (само девојчиња)

детска парализа

дифтерија, тетанус

(1 доза) – II ревакцинирање

(1 доза) – III ревакцинирање

(1 доза) – IV ревакцинирање

18 години (завршна година на средното образование) тетанус (1 доза) – V ревакцинирање
Ние Ви нудиме заштита

Ние ви нудиме вакцини кои ќе обезбедат заштита против: Хепатитис Б, Инфекции со H.influenzae, Хепатитис А, Жолта треска, Грип, Дифтерија,Тетанус, Пертусис, Полиомиелитис, Инфекции предизвикани од S.pneumoniae, Рабиес. ЕЛБИЈОР врши увоз на висококвалитетни и безбедни вакцини произведени по највисоките стандарди и со најмодерна технологија од реномираниот производител Sanofi Pasteur. Подолу можете да ја погледнете листата на вакцини кои може да ги набавите кај нас:

1. Act HIB Полисахаридни антигенски компоненти Вакцина против инванзивни инфекции со Haemophylus influenzae
2. AVAXIM Жива атенуирана вакцина Вакцина против инфекции со вирусот на Хепатитис А
3. EUVAX Рекомбинирана вакцина Вакцина против инфекција со вирусот на хепатит Б
4. HEXAXIM Шествалентна вакцина Вакцина против дифтерија, тетанус, пертусис, хепатит Б, полиомиелитис и инфекции со H. influenzae
5. IMOVAX POLIO Жива инактивирана вакцина Вакцина против инфекција со вирус на полиомиелитис
6. IMUNOCYST Жива атенуирана вакцина BCG Вакцина со антинеопластично дејство
7. PENTAXIM Петвалентна вакцина Вакцина против дифтерија, тетанус, пертусис, полиомиелитис и инфекции со H. influenzae
8. PNEUMO 23 Полисахаридни антигени Вакцина против инфекции со Streptococcus pneumoniae
9. STAMARYL Жива атенуирана вакцина Вакцина против жолта треска
10. VAXIGRIP Хемаглутинински партикли Вакцина против вируси кои предизвикуваат грип
11. VERORAB Жива инактивирана вакцина Вакцина против инфекција со вирусот на Рабиес
Од кои болести може да се заштитите со вакцините кои Ви ги нудиме?
  • Дифтерија
  • Грип
  • Хепатитис А
  • Хепатитис Б
  • Инфекции со S. pneumoniae
  • Пертусис
  • Полиомиелитис
  • Рабиес
  • Тетанус
  • Жолта треска