МИСИЈА – ЕЛБИЈОР постои за да ги задоволи потребите на јавните и приватни здравствени установи ширум републикава. Секојдневно упорно работиме на својата афирмација како една од првите веледрогерии која успеала да опстои на пазарот повеќе од две децении. Нашата мисија е да му понудиме на пазарот производи со врвен квалитет, достапни во секое време, со компетитивна цена како би ја оправдале вашата доверба. Со посветеност пристапуваме кон набавувањето, правилното и соодветно чување и навремена достава на лековите. Посебно важен дел од нашата мисија се набавката и снабдувањето на пазарот со високо квалитетни вакцини како би креирале здрави идни генерации. Се грижиме за создавање на здрава и отпорна популација обезбедувајќи доволно количество на вакцини со проверен квалитет и ефикасност. Постоиме за вас и чувствуваме потреба од посветено и одговорно обавување на нашите работни задачи како би ја оправдале вашата доверба и исполниле вашите очекувања.

ВИЗИЈА – Се состои од тоа да продолжиме да бидеме една од поголемите веледрогерии во Р.Македонија која нуди квалитетни производи, беспрекорна услуга и навремена достава на нашите производи. Наша цел е проширување на асортиманот на производи кои ви ги нудиме, притоа истите да бидат со проверен, докажан квалитет и ефикасност. Одговорно целиме кон проширување на нашиот бизнис остварувајќи соработка со старите, но и нови соработници во, но и надвор од границите на Р.Македонија се со цел да го зачуваме и унапредиме вашето здравје.