ЕЛБИЈОР ДОО е една од првите веледрогерии во Р. Македонија која е основана во далечната 1993 година. Во бурниот транзиционен период на раните 90-ти години на изминатиот век нашата компанија е основана од страна на г-ѓа Павлина Петрова, дипломиран фармацевт со долгогодишно работно искуство во областа на фармацијата. Компанијата своето име ЕЛБИЈОР го добива како кованица од почетните букви на имињата на децата на г-ѓа Петрова односно ЕЛена, БИлјана и ЈОРдан. Основањето на веледрогерија во раните 90-ти години на изминатиот век бараше огромна посветеност, упорност и комплетна предаденост на работата во поставување на темелите на една компанија која во иднина би се афирмирала и прераснала во реномирана веледрогерија во Македонија. Амбициозниот проект не би успеал докол
ку г-ѓа П. Петрова не ги преточеше семејните вредности, упорноста и меѓусебното почитување како основни принципи на кои се базира функционирањето на нашата компанија со цел да се создаде здрава клима за работа и прогрес. Во 2005 година раководството на ЕЛБИЈОР го превзема г-ѓа Билјана Петрова (дипломиран фармацевт), ќерка на г-ѓа Петрова, која со огромен ентузијазам и амбициозност продолжува да чекори по патот кој го трасираше нејзината мајка. Воспоставувањето на нови контакти, отворањето на нови хоризонти и освојување на нови пазари со нов и амбициозен кадар како и зачувување на претходно поставените вредности и принципи на функционирање се главните карактеристики на работата на г-ѓа Б. Петрова поради што постоиме веќе 22 години и денеска важиме како една од најреномираните фармацевтски куќи на територија на Р. Македонија.