Еритропоетинот зета (Eqralys) претставува најнова генерација на фармаколошки активна супстанца која има својство да го стимулира клеточниот раст и делба на црвените крвни клетки добиен со пекомбинантни техники. Овој лек е наменет за сите оние кои боледуваат од хронична бубрежна болест каде што е засегната и хормонската функција на бубрегот која што се манифестира со хронична анемија од бубрежно потекло. Еритропоетинот зета е индициран кај сите пациенти со ХБИ кои се на дијализа или сеуште не започнале со хроничен дијализен програм. Може да се употребува кај деца и возрасни по пат на субкутана или интравенска апликација. Лекот пристигнува на Европскиот пазар во 2007 година (1). Истражувањата покажале дека еритропоетинот зета има еквивалентна ефикасност како и еритропоетинот алфа односно не покажува повеќе несакани ефекти од еритропоетинот алфа (2). Еритропоетинот зета се покажал и како ефикасен лек во третман на хроничните анемии предизвикани од хемотерапија поврзана со други онколошки заболувања (3). Во рамките на долгогодишната соработка со HEMOPHARM меѓудругото вршиме увоз на еритропоетин зета со цел истиот да биде достапен на здравствените установи со конкурентна цена и врвен квалитет. ХБИ претставува заболување кое е во пораст поради пораст на пациентите со хипертензија и дијабет, оттука чувствуваме должност да им овозможиме на пациентите на хроничен дијализен програм да можат да добијат соодветен третман и грижа по сите светски препораки за третман на анемијата поврзана со бубрежна болест.
1.Davis-Ajami ML1, Wu J2, Downton K3, Ludeman E3, Noxon V4.Epoetin zeta in the management of anemia associated with chronic kidney disease, differential pharmacology and clinical utility. 2.Krivoshiev S1, Wizemann V, Czekalski S, Schiller A, Pljesa S, Wolf-Pflugmann M, Siebert-Weigel M,Koytchev R, Bronn A; Epoetin Zeta Study Group.Therapeutic equivalence of epoetin zeta and alfa, administered subcutaneously, for maintenance treatment of renal anemia. 3.Tzekova V1, Mihaylov G, Elezovic I, Koytchev R; Epoetin Zeta Oncology Study GroupTherapeutic effects of epoetin zeta in the treatment of chemotherapy-induced anaemia.