Во согласност со одобрението и измена на решението за промет на големо со лекови и медицински помагала кое што е дополнето со одобрение за увоз, промет, чување и дистрибуција на фармацевтски препарати со биолошко потекло (вакцини, серуми) ЕЛБИЈОР поседува софистицирана опрема и простории за соодветно чување на вакцините и останатите биолошки лекови. Нашата компанија е опремена со 5 комори со зафатнина од 128,5м3 за соодветно чување на вакцините и серумите според најновите и најсовремени технолошки достигнувања. Коморите за чување на биолошките препарати имаат соодветна светлосна и звучна сигнализација за промена на температурата во коморите, активно известување на одговорните за состојбата на коморите по пат на SMS. Поседуваме сопствени агрегати за снабдување со електрична енергија се со цел да се обезбеди соодветно и непречено чување на вакцините. Исто така имаме и соодветно возило за транспорт на фармацевтски препарати осетливи на температурни промени, со цел да бидат соодветно транспортирани и доставени до пациентот на температура помеѓу 2-8 степен целзиусови без притоа да се прекине ладниот ланец.