ЕЛБИЈОР веќе неколку години постојано врши увоз на Kidrolase (Asparaginase) / Erwinase (Crisantaspase) произведени од EUSA Pharm со посредство на Хрватската фирма Eurotron International се со цел истите да бидат постојано достапни на македо-нскиот пазар за да се задоволат потребите на јавните и приватни здравствени устано-ви. Ова е уште еден показател дека се грижиме за здравјето на децата кои боледуваат од АЛЛ. Со цел да обезбедиме достапност до лекот во границите на нашата земја мо-жеме да се пофалиме со долгогодишна соработка со EUSA Pharma од каде ги увезу-ваме лековите во нашата земја. Asparaginase и Crisantaspase претаставуваат фармаколошки активни супстанци кои пројавуваат анти-неопластично дејство благодарение на способноста да го ра-зградуваат аспарагинот кај малигнопроменетите клетки и на тој начин да го попречат растот на туморот. Се користат за третман на Акутната Лимфобластна Леукемија и др-уги хематолошки заболувања. За прв пат во 1978 е одобрена употребата на Asparagi-nase (продукт на бактеријата E. coli), но поради хиперсензитивните реакции како и не-саканите дејства постоеше потреба за откривање на нов тип на ензим Crisantaspase кој е продукт на Erwinia crisantemi. Crisantaspase е одобрена за употреба во 2011 година. Додавањето на овој ензим во вообичаените протоколи за терапија на АЛЛ го зголему-ва 5-годишното преживување. Децата кои пројавиле алергиска реакција на терапија со аспарагиназе, може да се третираат со crisantaspase бидејќи не постојат вкрстени алергиски реакции (2). Истражувањата покажале дека Crisantaspase има многу поголе-ма хидролизирачка моќ отколку аспарагиназе така што може да се користи како лек од прв избор (3). Модерните принципи на третман на АЛЛ кои покажале висока ефика-сност со високи проценти на ремисии на болеста се темелат на долготрајна употреба на Asparaginase/Crisantaspase покрај цитостатската употреба (1).
1.Parovichnikova EN, Kliasova GA, Troitskaia VV, Sokolov AN, Kuz’mina LA, Mendeleeva VP, Kravchenko SK, Ryzhko VV, Bondarenko SN, Kariakina EA.1. – Efficiency of treatment of adult patients with acute T-2.lymphoblastic leukemia according to the ALL-2009 protocol of the Russian Acute Leukemia Study Group]. 2.Salzer WL1, Asselin BL, Plourde PV, Corn T, Hunger SP. – Development of asparaginase Erwinia chrysanthemi for the treatment of acute lymphoblastic leukemia. 3.Wang KM1, Xu HG2, Guo HX1, Jin SW1, Luo XQ1, Fang JP1. – Comparison of the anti-leukemia effect and mechanism of L-asparaginasebetween two different strains].